Виц: Кафанска колегијалност
Полицијата спровела акција за фаќање на пијани возачи. Тоа била ударна вест за која се зборувало со денови. Полицајците секоја вечер демнеле во близината на некоја популарна кафеана. Секоја наредна вечер ја менувале кафеаната за да изненадат и фатат што е можно повеќе луѓе.
Една вечер се лоцирале покрај кафеана во која многу се пиело.....
Околу фајронт тргнале сите да си одат од кафеаната... Полицајците набљудуваат и забележуваат еден гостин како излегува на паркинг, до појас со водени пантолани и се обидува да го најде својот автомобил, проба еден да отклучи, проба друг, паѓа, станува, се тетерави и после добро паѓање по паркингот и барање на својот автомобил, забележува само еден останат автомобил на паркингот и влегува во него целиот среќен.
Патролата која го набљудувала веднаш го застанала и му дала алко тест. Тој покажал 0,0.
Го гледа полицаецот со неверување и му вели:
- Ама ајде, како можеш да имаш 0,0 промили кога половина час паѓаш по паркингот?
Возачот одговара:
- Је*и га, вечерва јас морав да бидам мамка...