Виц: Подготовки за патување со сопругата
Се подготвивме да тргнеме на патување. Ја вклучивме автоматската секретарка, го покривме кафезот со канаринецот, ја исфрливме мачката во двор. Повикавме такси кое набргу стигна пред нашата врата.
Кога излегувавме од дома, мачката која ја исфрливме во двор, ни потрча покрај нозе и влезе дома. Не сакавме да ја оставиме дома бидејќи упорно сакаше да го изеде канаринецот.
Жена ми седна во таксито, а јас се вратив дома за повторно да ја исфрлам мачката во двор. Но, таа побегна на катот.
За тоа време, сопругата, која сè уште чекаше во таксито, не сакаше таксистот да знае дека куќата ќе биде празна, затоа му објаснила дека сум се вратил дома само да и посакам добра ноќ на нејзината мајка.
По неколку минути дојдов и седнав во таксито покрај жена ми.
- Многу ми е жал што траеше толку долго – реков и такситот тргна.
Онаа ку*вана се сокри под креветот. Морав да ја боцкам во газот со чадор за да се извлече од под кревет! Потоа се обиде да побегне, па ја фатив за врат. Морав да ја завиткам во ќебе за да не ме изгребе со канџите. Но – ми успеа!
На крајот ја одвлечкав по скалите и ја фрлив во двор!
Се надевам дека нема повторно да се посере пред врата!
Тишината во таксито можеше силно да се почувствува...