Претскажувачките моќи на малиот Трпе

pretskazuvackite-mokji-na-maliot-trpe-1Поминува таткото пред собата на малиот Трпе и случајно наслушнува како синот се моли:

„Благослови ги Боже мајка ми, татко ми, баба ми... Дедо збогум.“

Таткото се зачудил на оваа молитва, но не обрнал внимание.

Следниот ден починал дедото.

По неколку месеци таткото повторно го слушнал Трпе како се моли.

„Благослови го Боже татко ми и мајка ми. Збогум бабичке.“

Следното утро починала и бабата.

Таткото сфатил дека неговиот син има моќ на предвидување и се загрижил.

По една година, малиот пак се моли, а таткото прислушнува:

„Благослови ја Боже мајка ми... Тато збогум!“

Се избезумил таткото и сфатил дека му се ближи крајот. Станал следното утро, отишол во канцеларија, се затворил и рекол никој да не го вознемирува. Седнал и чекал смртта да дојде по него.

Откако поминал цел ден и ништо не се случило, вечерта се вратил дома и и рекол на сопругата:

„Жено, го имав најлошиот ден во животот“

На тоа таа му рекла:

„Ти го имаше најлошиот ден?! Мене поштарот ми умре на врата!!!“

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg