Фази при алкохолизирање
Сабота вечер, посакуваме да излеземе на една пијачка. Низ процесот на таа една пијачка до 20тата, очигледно дека постојат повеќе фази низ кои поминуваме.
Одлучивме да ги разграничиме овие фази за вас, за да можете да знаете кога се наоѓате во некоја од фазите при процесот на пиење во ноќните часови.
Фаза 1: “Може да се пивне по некое пивце”
Сте одлучиле да ја започнете вечерта со пријателите, во некој бар или кафуле каде би можеле да се опуштите од напорната недела. Почнувате со сериозни муабети, на кого, што му се случило на работа, за најновата епизода на Др. Хаус, додека алкохолот мудро си го тера муабетот во свој, добро познат правец.
Фаза 2: “Пивото е одлично”
Во оваа фаза, алкохолот малку по малку ве опуштил и ви приредил уште попријатна состојба. Дури и истото пиво кое сте го пиеле досега, е значително повкусно.
Штом некој од пријателите замине до шанк по уште една тура, знаете дека и вие сакате да бидете дел од уште едно дружење низ новото и ладно пенливо пиво.
Фаза 3: “Да пиеме сите на екс!”
Само луѓето кои пијат “шутери” или на екс и истураат големо количество на алкохол во себе наеднаш, по одредено време стануваат "главни фаци" или ако добро тргне ситуацијата – порно ѕвезди.
За време на оваа фаза почнуваат бесплатните гушкања на блиските и на непознатите, но и самоувереното приоѓање на девојки. Бидејќи јазикот обично ви се плетка, не сте многу многу за разговор, па најлесно е правилото дека сите што пијат во ваша близина се ваши пријатели.
Продолжувате со пијачките на екс, и секоја наредна тура ја частите вие, или некој по пијан од вас.
Фаза 4: “Ајде да се надгласуваме”
Пијаните луѓе обично зборуваат глупости, и тоа не се плашат да ги кажуваат гласно...погласно од сите во близина и тоа колку погласно ги кажуваат толку повеќе веруваат во нив.
Во овој дел од ноќта се чувствувате самоуверени, и голема е веројатноста дека било кој да искоментира нешто, ќе биде доволно за да навлезете во дискусија со надеж дека ќе имате исто мислење, бидејќи во спротивно дискусијата ќе прејде во дебата.
И нормано, го притискате останатиот дел од групата да завземе страна и да гласаат на темата: “Дали порадо би прифатиле орално задоволување од машко, или да ве "боцне" девојка во задникот со некое помагало?”
Фаза 5: “Ќе пијам цело време, секој ден, засекогаш”
Во овој момент, не знаете зошто до сега не сте го поминувале целиот живот во пиење, бидејќи ви е кристално јасно дека пиењето е едноставно БРИЛИЈАНТНО.
Сите проблеми кои пред некој саат ве нервирале, сега ви се смешни, неважни. Едноставно немате време за грижи, бидејќи свири вашата омилена песна!
Се појавува кулминација од емоции каде што лесно сфаќате колку многу ги сакате вашите пријатели и од утре конечно ќе ги исполните заедничките планови, што ги направивте последен пат кога излеговте и пиевте.
Од утре ќе почнете со фитнес и се ќе биде поинаку. Ама приоритети се приоритети – песната е навистина одлична и емотивна, а полни чаши стојат сами и ве чекаат. Целата слика доловува колку е вечерта магична и колку е кул да пиеш. Погледнете се во огледало - дали тој пореметен лик го препознавате?
Фаза 6: Тротоарот има некои проблеми со “дупки”
Од очигледни причини, после оваа фаза на пат накај дома, обично интимно се “врзувате” со тротоарот или улицата.
Чекорите во осмици, и сфаќате дека 7 часа активно пиење на алкохол влијае на вашиот центар за стоење, движење, успорено размислување и реагирање.
Стигнувањето до кревет, во оваа фаза, станува вашиот главен фокус и цел. По пат не е воопшто чудно да викате по непознати или малку познати лица, да паѓате во оградата во нечиј двор и да му нудите пиво на цајканот кој ќе го сретнете по пат.
Фаза 7: Домлааа..јдк@схкса..пивнаВме....топ,екСтва!
Во оваа последна фаза, се што ќе кажете нема логика, одвај се разбира и е неповрзано. Стигнувате дома, грабате што има да се јаде, брзо го гризете и џвакате, а попатно ви паѓа се што ќе пробате да земете.
Ако успеете до креветот – тоа е достигнување, ако не, легнувате на троседот, облечени со недоџваканата храна во уста, и евентуално ќе пробате да мастурбирате на ниско-буџетни порничи.
Следното утро ќе ве разбуди жедта, ќе имате сува уста, неодминлива главоболка, и во раката ќе се држите за гениталиите.
Па ајде, која е вашата омилена фаза од овие среќни 7?