Виц на денот: Како Трпе дели откази?

Добил Трпе нова работа како шеф во некоја фирма и се решил уште од почеток да им покаже на сите дека нема зезање со него.

vic-na-denot-kako-trpe-deli-otkazi

Се шетал првиот ден низ канцелариите и видел еден дечко како ноншалантно се потпира на ѕидот и гледа во празно.

Трпе си помислил дека е тоа одлична прилика да им покаже на сите дека така не се работи па му пришол на дечкото и го прашал:

- Колку ти е тебе плата?

Овој го погледнал па му рекол:

- 100 евра неделно...

Трпе извадил пари од џебот, избројал 200 евра и му ги пикнал во рака на дечкото:

- Еве ти за две недели и губи се од овде, бадијалџија еден, око да не ти видам веќе!

Типот си ги земал парите, ги наведнал рамениците и си отишол. Останатите вработени го гледале Трпе со ширум отворени очи и уста, а тој полн себе ги прашува:

- Добро, што правело ова мрзливо говедо до сега во фирмава?

Сите се погледнале меѓу себе, а најстариот собрал храброст и му рекол:

- Носеше пица...

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg