Виц: Како да ги натераш да скокнат од брод?

vic-kako-da-gi-nateras-da-skoknat-od-brod

На брод се возеле Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец. Бродот удрил во санта мраз и капетанот му наредил на еден од морнарите да им соопшти на патниците дека за да се спасат ќе треба да скокаат во вода.

Се вратил морнарот изнервиран и му се жали на капетанот дека патниците одбиваат да скокнат.

Тогаш отишол капетанот и се вратил за 5 минути.
- Скокнаа - му рекол на морнарот.
- Па, како успеавте да ги натерате?

А капетанот му одговорил:
- На Англичанецот му реков дека тоа е спортски, на Русинот дека е револуционерно, на Германецот дека е наредба, на Французинот дека е отмено, на Американецот дека е осигурен, а на Македонецот дека е забрането.

Би можело да ве интересира:

Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg