Колекција вицеви: Во брак

vo-brak-povekje

Навечер Трпе се стиснува до Трпана и заводнички вели: - Жено, без гаќи сум! А Трпана му одговара: - Аман, остави ме сега да спијам, утре сабајле ќе ти исперам!

 

Трпе ја прашува Трпана:
- Ти си одела со некого пред мене.
- Не бе Трпе, сите имаа коли!

 

По две години брак Трпе разочарано се врти кон Трпана:
- Знаеш дека бев глупав кога се земавме?
- Сега знам, ама тогаш бев толку заљубена што не ни приметив.

 

- И како ви заврши караницата со жената?
- Ма, ползеше на колена до мене!
- И што ти рече?
- Излагај од под кревет да не ти дојдам таму!

 

- Мамо, мамо, тато се заканува дека ќе скокне од прозор!
- Сине, кажи му на тато дека му набив рогови, а не крила!

 

Трпана пишува дневник. „Врне дожд со часови. А Трпе само замислено стои и гледа низ прозорецот. Ако продолжи и утре да врне, ќе морам да го пуштам да влезе.“

 

Мујо и Фата се во брак 20 години и водат љубов секоја ноќ, но Мујо инсистира тоа да биде во комплетен мрак.
Еден ден Фата се заинатила и во најжешките моменти запалила светло, кога што ќе види - Мујо ја задоволува со вибратор.
- Нормален ли си ти!? Колку време трае ова!? - свикала Фата.
- Трае 20 години, ама пред да ти го објаснам вибраторот, ти мене објасни ми ги трите деца! - вратил Мујо.

Би можело да ве интересира:

Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg