Перо си ја барал бељата
Еден ден, додека чекале ред во мензата, Перо му рекол на Трпе: Ќе морам да одам на доктор, многу ме боли лактот. „Имам предлог како да не...
...потрошиш многу пари на тоа“ – му рекол Трпе
„Доле има дијагностички компјутер - автомат. Само треба да донесеш урина и ќе добиеш дијагноза со предлог решение на проблемот. Тоа трае 10 секунди и чини 200 денари – што е многу помалку отколку на лекар.“
И така Перо спремил урина во шишенце и го однел. Откако ставил 200 денари, компјутерот му побарал и урина...Ја истурил во машината и чекал...
После 10 секунди компјутерот му испринтал извештај:
„Имате тениски лакт. Грејте го во топла вода и избегнувајте тешки работи...ситуацијата ќе се поправи за две недели. Ви благодариме што ги користевте нашите услуги...“
Таа вечер додека размислувал за новото технолошко чудо, Перо се запрашал дали би можел да го збуни компјутерот.
Помешал малку вода од чешма со измет од кучето, додал урина од ќерката и жена му и се добро измешал. Наредното утро нетрпеливо побрзал кон автоматот за да го види резултатот. Уплатил 200 денари, ја истурил мешавината и чекал резултат:
Компјутерот го испринтал следното:
- Вашата вода е тврда. Препорачуваме да користите омекнувач на вода.
- Вашето куче има глисти. Дајте му апчиња за прочистување.
- Вашата ќерка користи кокаин. Испратете ја на лечење.
- Вашата сопруга е бремена. Очекува близнаци. Не се ваши. Ангажирајте адвокат.
- Ако не престанете да си играте со себе, никогаш нема да го опоравите лактот.
Ви благодариме што ги користевте нашите услуги!