Виц на денот: Обама vs. Медведев
Отишол рускиот претседател Медедев на гости кај Обама. Обама го одвел до некоја машина: - Еве, притисни на копчињава и ќе се изненадиш.
Русинот притиснал на првото копче и од никаде излегла боксерска ракавица и го удрила по носот. Притиснал и на второто копче, кога му се истурила чаша вода на глава. Кога притиснал на третото копче, добил клоца по задникот. Си рекол во себе:
- Ќе ми дојдеш ти мене во Русија.
Кога Обама отишол на гости кај Медведев, тој му ја покажал истата машина и му рекол:
- Ајде сега ти притисни со ред на копчињата. Обама притиснал на првото копче и ништо не се случило. Стиснал и на второто и на третото и повторно ништо.
- Ништо не ви работи тука, отидов јас назад во Америка.
А, Медведев на тоа му одговорил:
- Во Америка?! Која Америка?