За да ви биде појасно зошто децата треба да седат во седишта во автомобил
Колку пати досега сте се насмеале кога некој ќе ви каже дека детето без изговор мора секојпат да седи во специјално седиште за во автомобил, дури и да одите до најблискиот маркет? И не, не затоа што ќе платите казна, туку затоа што потенцијално му го спасувате животот.
Една мајка на Фејсбук ја сподели оваа фотка со објаснување:
„Еве зошто треба да ги седнувате децата во седишта и да ги врзувате правилно. Дури иако плачат дека ремените ги стегаат. Дури и ако се жалат дека појасот околу стомачето им пречи.
Застанавме по млеко вчера, на пат накај дома. Бевме на неколку минути од дома. Некој помина на црвено и се удри во нас.
Никогаш не мислите дека ќе ви се случи токму на вас.
Моите деца поминаа без гребаница, но докторите ми рекоа дека ќе било многу поразлично ако не сум одвоела 2 минути за да ги врзам правилно.
Сè ќе биде во ред, децата се во ред, останатото може да се замени.“
М. Д. | Црнобело