Според социјалните мрежи: Ова е најубавата фотографија од Јапонија
Познат по своите црешови дрвја, безбројни светилишта и храмови и секако, традиционалната архитектура, Кјото е еден од топ дестинациите за посета во Јапонија.
Неговата убавина како одново и одново да може да се доловува во небројни фотографии, ама една посебно остави впечаток на социјалните мрежи.
Направена е од фотографот Лесли Тејлор.
Фотографијата неодамна е објавена на Reddit, ама веднаш стана сензација, бидејќи прикажува смиреност на камената улица која води до познатата Јасака пагода.
Тејлор некако успеала да долови момент на мир, зајдисонце, прекрасни сенки и бои, па заради тоа, оваа фотка многумина велат дека е најубавата фотографија од Јапонија.
Н. Г. | Црнобело