Беше уапсен поради секс со проститутка во автомобил, колегите го мразат – Факти за Хју Грант
Татко е на пет деца, од две различни жени.
Актерот го доби првото дете на 51-годишна возраст со Тингланд Хонг со која наводно имал афера.
Една година подоцна, тој доби син со шведската ТВ продуцентка Ана Еберстајн.
Но, додека Ана била бремена, актерот повторно се гледал со Тингланд и таа забременила. Па, возрасната разлика помеѓу второто и третото дете на актерот е три-четири месеци.
По породувањето, Хју стави крај на аферата со Тингланд, а ја продолжи врската со Ана, и во 2015-та тие го добија и второто заедничко дете.
Во 2018 година, Хју и Ана добија уште едно дете, а истата година стапија и во брак.
Хју Грант неколкупати ја има навредено Џулија Робертс – колешката од филмот Notting Hill.
Во интервју од 2004-та, тој изјави дека Џулија имала многу голема уста.
„Има огромна уста! Буквално, физички има многу голема уста. Кога ја бакнував, бев свесен за слабо ехо“.
Во друго интервју, новинарот што го интервјуираше ја нарече Џулија „една од најдобрите личности“, на што актерот одговори:
„Не би ја нарекол така…“
Најголемиот скандал во животот на актерот се случи во 1995 година, кога ја изневери тогашната девојка Елизабет Харли со проститутка.
Уште полошо е што актерот беше фатен со проститутката во неговиот автомобил додека има секс, по што беше уапсен.
Наводно, на крај платил казна од 1.000 долари и морал да посетува едукативна програма за заштита од СИДА.
Дури во 2021 година, тој прозборе за скандалот истакнувајќи дека бил во лоша ментална состојба:
„Требаше да се прикаже мојот прв холивудски филм. Премиерата требаше да биде за недела-две и имав лошо чувство.
Го изгледав филмот и сите во него беа брилијантни. Но, јас бев толку ужасен, па психички не бев во најдобра форма“.
По неверството, Хју и Елизабет беа заедно уште пет години и раскинаа во 2000-та.
Според водителот Џон Стјуарт, Хју грант е најлошиот актер за соработка.
Џон беше водител во емисијата The Daily Show, каде што Хју му беше гостин.
„Ги иритира сите постојано, многу е проблематичен. Никогаш нема да го викнам повторно“, сподели водителот.
И други познати личности го имаат критикувано. На пример, Роберт Дауни Џуниор го има наречено кре*ен.
Според некои извори, и актерките Дру Баримор, Џулиен Мур и Рејчел Вајс не можеле да го поднесат кога соработувале на филмови.
Самиот актер има изјавено дека не сака да глуми славна личност во медиумите и дека одбива да дава одговор на прашања кои смета дека не се доволно добри – веројатно како што сметал за интервјуто со Ешли Греам.
Спирова С. | Црнобело