Животот на Луи Витон: Како детето од село што побегнало од лошата маќеа стана омилен дизајнер на царицата и светски моден бренд?

За да побегне од лошата маќеа, 3 години патувал пеш од родното гратче до Париз. Таму брзо го совладал занаетот за креирање ковчези и кутии за патување, станал дизајнер на куфери на сопругата на Наполеон Трети – Кој бил Луи Витон, основачот на познатиот луксузен моден бренд кој имал скромни почетоци. 

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-01.jpg

Нема кој не слушнал за познатиот бренд Louis Vuitton, но колку знаете за човекот што стои зад овој бренд?

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-02.jpg

Louis Vuitton е бренд чиишто производи никогаш не се продаваат на распродажба, а неговите модели се едни од најкопираните во светот.

Иако денес ова име е синоним за луксуз, основачот на компанијата имал мошне скромни почетоци, и неговата приказна малку наликува на некои од познатите бајки.

Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле:

Луи Витон бил роден во 1821-ва година во малото француско гратче Анше, а потекнува од семејство на работници. Татко му бил фармер, а мајка му шапкарка.

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-04.jpg

Кога бил многу мал, мајка му починала, а татко му се оженил со друга жена која, според биографиите, кон Луи се однесувала како лошата маќеа во „Пепелашка“.

Заради ова Луи одлучил да побегне од дома на возраст од само 13 години. Без превозно средство, тој до Париз патувал пеш цели 3 години, а по пат наоѓал работа на повеќе места со цел да си обезбеди храна и ноќевалиште.

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-08.jpg

Откако пристигнал во Париз, Луи веднаш почнал да работи како чирак во познатата компанија за изработка на кутии и ковчези Monsieur Marechal. За само неколку години Луи успеал да ги совлада тајните на занаетот и станал еден од најпознатите занаетчии во главниот град на Франција.

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-15.jpg

Дури и сопругата на Наполеон Трети, Царицата Евгенија, го ангажирала Луи да ги изработи нејзините куфери, затоа што нејзината убава облека морала да се пренесува на најмодерен начин.

od-selanche-shto-pobegnalo-od-loshata-makjea-do-omilen-dizajner-na-caricata-prikaznata-za-lui-viton-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg