Бил во ментална установа за да се подготви за улога – факти за Бред Пит што сигурно ќе ве изненадат
Помогна во градењето домови по ураганот во Њу Орлеанс
Во 2004 година, Њу Орлеанс беше погоден од ураган кој направи пустош.
Следната година, Бред Пит основа фондација преку која направи 109 еколошки домови за настраданите.
Вели дека заплакал на само два филма
Актерот има изјавено дека не е многу емотивен кога гледа филмови, но за два филма „пуштил солза“.
Во интервју тој сподели дека анимираниот филм How to train Your Dragon го оставил без зборови, додека филмот Life as a House „го скршил емотивно“.
Се отпишал од факултет 2 недели пред да дипломира
Само две недели пред да ја добие дипломата за новинарство, Бред Пит решил да се отпише од факултет и да проба да стане актер.
И, очигледно, ја направил вистинската одлука.
Јаде во речиси секој негов филм
Ако ги сакате филмовите на Бред Пит, сигурно сте забележале дека во поголемиот дел од нив, актерот јаде.
Тој има изјавено дека настојува да јаде бидејќи обично е нервозен, па храната му помага да се смири пред камера.
На Јутјуб постои и комично видео насловено „Бред Пит јаде 15 минути“, на кое се гледа токму тоа - како актерот јаде во бројните негови филмови.
Има нарушување поради кое не препознава лица
Актерот изјави дека има нарушување поради кое не може да запомни нови лица, но и поради кое не може да разликува лица.
Пит сподели и дека многумина не му веруваат кога го кажува ова, што дополнително му ја отежнува ситуацијата.
Спирова С. | Црнобело