Бил во ментална установа за да се подготви за улога – факти за Бред Пит што сигурно ќе ве изненадат
Во скоро секој филм, Бред Пит сака да јаде. А, бидејќи има толку многу сцени во кои јаде, на Јутјуб има и комично видео насловено „Бред Пит јаде 15 минути“. Актерот вели дека јадењето му помага да се справи со нервозата кога е пред камера.
Факт е дека изминативе неколку години, Бред Пит привлекува повеќе внимание со приватниот живот и драмата со Анџелина Џоли отколку со филмската кариера.
Но, Бред Пит уште е активен и до денес важи за еден од најдобрите холивудски актери.
По бројните скандали со Анџелина Џоли, разбирливо е што моментално мислењето на јавноста е поделено за него.
Во целата драма со разводот и наводното семејно насилство, некои сметаат дека Џоли е во право, додека некои се убедени дека актерот сигурно не е толку лоша личност.
Можеби никогаш нема да дознаеме што точно се случило помеѓу Џоли и Пит и кој е главниот виновник, но бројни постапки на актерот покажуваат дека тој е навистина необична, интересна, па дури и добра личност.
Забавни факти за Бред Пит што веројатно не ги знаевте:
Спасил 13 кучиња додека снимал филм
Во 1996 година, актерот го снимаше филмот Seven Years in Tibet во Аргентина.
На филмскиот сет речиси секојдневно доаѓале 13 кучиња, а актерот постојано ги хранел и си играл со нив.
Тој нашол и локален ветеринар со надеж дека преку него ќе може да им најде дом.
Актерот успеал да ги вдоми кучињата, а едно зел и со себе.
На училиште основал свој кошаркарски тим бидејќи не му давале да се приклучи на училишниот
Кога имал 14 години, актерот сакал да стане дел од кошаркарскиот клуб на неговото училиште. Но, тренерот потполно го игнорирал.
Наместо да го моли, актерот решил тој да основа свој клуб, и успеал во тоа.
„Целата идеја беше негова. Дури и го натера татко му да ни биде тренер“, има изјавено еден од кошаркарите во клубот.
Актерот не само што го основал клубот, туку и играчите активно се натпреварувале и освоиле турнир.
Омилениот филм во којшто глумел има ужасна заработка
Бред Пит може да се пофали со бројни одлични филмови, па навистина е интересно што неговиот омилен филм во којшто се појавил не постигна некој успех.
Актерот има изјавено дека според него, најдобриот филм што го снимил е The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford.
Буџетот на филмот изнесувал 30 милиони долари, но успеа да заработи едвај 15 милиони.
Бил во ментална установа за да се подготви за улога
Во 12 Monkeys, Бред Пит глуми пациент во ментална установа, а ако сте го изгледале филмот, веќе знаете дека неговата изведба е перфектна.
А, за да се подготви за улогата, актерот минувал многу време во ментална установа.
На крај, улогата му ја донесе првата номинација за Оскар.
Повеќе сака да работи како продуцент, отколку како актер
Бред Пит се потпишува како продуцент на бројни филмови и серии вклучувајќи 12 Years a Slave, Ad Astra, The Lost City of Z, World War Z...