27 години помладата љубовница го тужи за вознемирување, заради скандали живееше во егзил – Факти за шпанскиот крал Хуан Први
По скандалите за корупција две години живееше во егзил во Дубаи, имал афера со 27 години помлада жена која го тужи за вознемирување, а велат дека својата снаа, кралицата Летиција ја третирал како слугинка – Факти за поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос.
Меѓу големиот број познати јавни лица и лидери што се појавија на погребот на кралицата Елизабета беше и поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први (84).
Воедно ова е едно од неговите ретки појавувања во јавност, откако во последните две години живееше во егзил во Дубаи.
Очигледно, и покрај тоа што имало препораки тој да не се појави на погребот, Хуан Карлос одлучил да ѝ оддаде почит на неговата братучетка, а неговото појавување привлече големо внимание кај јавноста.
Во Шпанија се соочуваше со обвинувања за корупција, а во Велика Британија го бараат заради обвинение за вознемирување.
Што знаеме за Хуан Карлос Први и како шпанското кралско семејство е поврзано со британското?
Хуан Карлос Први владееше со Шпанија во периодот од 1975-та година, до 2014-та година и важи за еден од најконтроверзните кралеви во европската историја.
Тој дошол на власт по смртта на Генерал Франко кој имал воспоставено тоталитарна власт. Неговото доаѓање на власт било сосема случајно.
Генерал Франко бил дедо на Хуан и по правило круната требало да ја наследи таткото на Хуан Карлос, кој исто така се викал Хуан Карлос, но е попознат како Дон Хуан.
Дон Хуан се откажал од круната и таа требало да му припадне на најстариот син, кој загинал во сообраќајна несреќа.
Вториот син, пак, се откажал заради здравствени причини и така Хуан Карлос иако бил трет по ред наследник, успеал да дојде на власт само 2 дена по смртта на Франциско Франко.
Хуан Карлос се оженил за принцезата на Грција, Софија. Јасно е дека овој брак бил со цел да се подобрат односите со Грција. И двете кралски семејства, пак, се тесно роднински поврзани со кралското семејство во Британија.
Хуан Карлос е во роднински врски со кралицата Елизабета, затоа што неговата баба била внука на кралицата Викторија (пра-прабабата на Елизабета), а Софија, пак, е внука на принцот Филип (сопругот на Елизабета).
Така шпанското кралско семејство од две страни е роднински поврзано со британското.