Мора да го отстраните слепото црево за да живеете таму – Факти за најоддалеченото селце на Антарктикот
Тука нема кражби и криминал, но секојдневно треба да се справувате со снежните бури, а пред да се преселите таму мора да го отстраните слепото црево - факти за најоддалеченoто селце во Антарктикот, со бизарни правила.
Антарктикот се смета за најстудено место во светот, каде температурите се движат од -10 до -60 степени Целзиусови во зима, а во лето највисоката измерена температура била 10 степени Целзиусови.
Во селцето Вилас Лас Естрејас е значително потопло, па температурите се движат околу -2 степени Целзиусови во текот на целата зима.
До ова селце кое е сместено на Островот на Кралот Џорџ во појасот на Антарктикот се пристигнува само со авион.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за ова место:
Од април 1984-та година Чиле го формира селцето Вилас Лас Естрејас на Антарктикот. Името на населеното место во превод значи „Село на ѕвездите“, а го добило поради неверојатниот поглед на небото.
Во селото има неколку административни објекти, како училиште со двајца наставници за основно образование, болница со доктор и медицинска сестра, пошта, банка, библиотека и црквата Santa Maria Reina de la Paz.
Освен административните објекти, во селцето има и мал хостел за околу 20 гости, продавница за сувенири, но и Културен Дом каде што се одржуваат спортски и културни настани.
Вилас Лас Естрејас има само околу 100 жители – научници и воен персонал од воздухопловните и поморските сили на Чиле кои може да ги донесат сопствените семејства таму, но условот е прво да направат операција за отстранување слепо црево.
Отстранувањето на слепото црево се врши заради огромната оддалеченост на населбата. Најблиската болница се наоѓа на оддалеченост од 1000km од другата страна на Јужниот Океан.
(Јужниот Океан е дел од Тихиот Океан што се наоѓа во опкружување на Антарктикот, а неговото име било и официјално прифатено во јули 2021-та година).
Иако е мошне оддалечено од останатиот свет, селцето има одличен пристап до интернет.
Жителите во ова село секојдневно се соочуваат со снежни бури, често се случува да се разбудат и нивните влезни врати да бидат затрупани со снег, а сончева светлост имаат само по неколку часа во денот.
Во оваа населба жителите воопшто не се грижат за криминал и за кражби.
Во непосредна близина на жителите на селото има пингвини и моржови, но забрането е да се чуваат кучиња затоа што би можеле да пренесат болести на дивиот свет.
Б. С. Б. | Црнобело