Мете во „Бурни времиња“ и Бајазит во „Сулејман Величествениот“ - факти за еден од најдобрите турски актери
Шест години е во врска со неговата колешка Биге Онал
Иако неодамна се шпекулираше дека оваа двојка ја прекинала својата љубовна врска, тие ја демантираа оваа вест со заедничко појавување на еден од тековните јавни настани.
https://www.instagram.com/p/CBxYXsTDxGn/
Aрас е голем фудбалски навивач
Тој честопати споделува објави за неговиот омилен клуб Бешикташ на неговиот профил на Инстаграм.
Тој обожава животни
Заедно со својата сакана чуваат куче од расата германски кратковлакнест птичар.
Со улогата на Мемо во драмата Miracle in Cell No. 7 до номинација на Оскарите за најдобар меѓународен игран филм
Станува збор за римејк на истоимениот јужнокорејски филм од 2013 година, Miracle in Cell No. 7 (2019). Улогата на Арас од критички аспект доби грандиозни оценки.
Имено, станува збор за татко со име Мемо, кој има неименувано когнитивно нарушување и се смета дека практично ја дели истата возраст со својата ќерка Ова.
Светски познатиот фудбалер Нејмар неодамна изјави дека „плачел како дете“ низ целата филмска драма.
„Луѓето со деца можеби ќе разберат што чувствувам во моментов“ – вели Нејмар.
Филм кој со сигурност ги помести турските уметнички граници и уште еднаш ја докажа умешноста и разновидноста во портфолиото на неверојатниот Арас Булут Ијнемли.
Мила М. | Црнобело