Дипломирал ветеринарна медицина, се оженил со Романка – факти за Дарко Периќ (Хелсинки), српскиот актер од La Casa De Papel
Во 2017 година, зачекорува во серијата Casa de Papel - која ги оборува сите рекорди на гледаност ширум светот
Периќ ја толкува улогата на разбојникот Мирко Драгиќ, познат по прекарот Хелсинки. Иако првенствено било планирано да се емитува само една сезона, поради големиот интерес на гледачите, режисерите и продуцентите решиле да снимаат уште неколку сезони.
Како голем љубител на кошарката, Дарко доби можност да работи на емисијата Cool Euroleague
Во емисијата тој и неговиот партнер коментираат за игрите и тимовите, разговараат со најголемите ѕвезди на европската кошарка и смислуваат разни „финти“ за разговорите да бидат што е можно поинтересни.
Исто така, тој е голем љубител на тетоважите
Дарко е голем љубител на тетоважи, што може да се забележи од неговото тело. Покрај тоа, понекогаш и самиот се занимава со тетовирање.
Периќ е оженет со Романка со која има едно дете
Деталите од својот приватен живот се обидува да ги чува далеку од очите на јавноста.
Мила М. | Црнобело