„Седиме на биро 8 или 9 часа, јадеме штетни производи - затоа страдаме!“
Александар Свијаш е руски психолог и автор на 16 книги. Тој се занимава и со езотерични теми.
Неговите најпопуларни книги се „Како интелигентните луѓе создаваат луд свет“, „Отвори ја потсвеста: Како да влијаеш на себе и на другите“, како и „Започни го животот одново: 4 чекори до нова реалност“.
Тој се осврнува на многуте болести на модерниот начин на живот.
„Современиот начин на живот нè тера да седиме на биро осум или девет часа и не се мрдаме, иако можеби го правиме она што го сакаме. Но, човечкото тело е динамично и има потреба од движење“, вели Александар Свијаш.
Затоа тој вежба три пати неделно, а сака и да трча, па на овој начин се труди да го надомести недостатокот на движење.
„Болеста ни доаѓа кога се однесуваме лошо. Јадеме производи кои се погодни за производителите, но не за нас: во продавници, кутии, ќеси, шишиња. Ни треба свежа, жива храна. Пиеме алкохол, пушиме.
Телото не може да издржи и се разболува. Плус искуството. Секое искуство создава емоционална блокада кај нас – тоа е набиена пружина. А телото ја става таа блокада на некоја жлезда, зглоб“, тврди психологот.
„Штом почнете да ги осудувате другите луѓе, вашето тело ќе стане проткаено со осуда, агресија, што ќе привлече нова агресија“, вели тој. Тоа често го гледаме во сообраќајот.
„Ако сме се скарале со друг возач, веќе имаме наталожено гнев против него, а гневот ни налага: „Видете, и овој го прекрши правилото, но и другиот – ајде да се расправаме и со нив“, опишува Свијаш.
Тој го анализира и обичајот луѓето да се жалат еден на друг. Вели дека тоа е вообичаено кај словенските народи, но не е секаде така.
„Нашиот народ прифаќа енергетска размена, но, на пример, Американците не. Веднаш велат: „Оди на психолог“. Не е обичај да одиме на психолог, па си кажуваме колку ни е тежок животот. Во овој случај, постои размена на енергија. „Ако човек ги утеши сите, тогаш неговата енергија може да потоне од голем број жалби, па дури и да се разболи, бидејќи нема доволно имунитет“, вели тој.
Свијаш тврди дека имаме инстинкт за преживување кој нè убедува: не менувај ништо, не прави ништо. Само со напор на волјата, човек може да се натера себеси да направи некакви промени.
„Секој има право да си го труе животот на кој било начин што му е достапен. Тоа е еден од начините – да живеам во маки и да верувам дека, ако почнам да се менувам себеси, ќе ми биде уште потешко“, вели тој.
Психологот заклучува дека работата на себе може да нè подмлади, доколку сме спремни да се потрудиме.
(О)Милена | Црнобело