Криела дека е во врска со принц, не го поканила татко ѝ на свадба: Факти за холандската кралица Максима
Една година подоцна, во февруари 2002 година, парот се венчал пред членовите на кралското семејство и истакнати личности од целиот свет, вклучувајќи ја данската кралица Маргрет, шпанската кралица Софија и покојниот Нелсон Мандела.
Невестата изгледала неверојатно во свилен фустан од слонова коска, со извезена тантела долга пет метри.
16 месеци по нивната гламурозна венчавка, Максима била бремена со првото дете на парот. „Бев толку среќна, не можев да поверувам!“
Нивното прво бебе, принцезата Катарина-Амалија, се родила на 7 декември 2003 година, а нивното второ дете, принцезата Алексија Јулијана во јуни 2005 година. Третото девојче, принцезата Аријане, му се приклучила на семејството на 10 април 2007 година.
Во април 2013 година, Максима станала првата холандска кралица од 1890 година, кога нејзиниот сопруг стана крал, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатрикс.
Максима ги преземала кралските должности за да ја претставува Холандија и во април 2011 година отпатува во Лондон со нејзиниот сопруг за да присуствува на свадбата на војводата и војвотката од Кембриџ во Вестминстерската Опатија.
Максима основала блиско пријателство со принцезата Шарлин од Монако.
Минатата година принцезата ја пофалила поради поддршката што ѝ ја дала холандската кралица. „Максима ми даваше неверојатна поддршка кога ми требаше помош за нешто“, открила Шарлин. „Бидејќи дојде од Аргентина и се пресели во Холандија, направивме сличен избор на животниот стил. Таа ми даде совети со кои се поистоветив“’.
Популарната кралица, исто така, стана едно од првите членови на кралското семејство ширум светот што ги поддржа правата на хомосексуалците и едно од нејзините први јавни појавувања како кралица вклучуваше настап на дводневниот меѓународен самит за правата на хомосексуалците во Хаг.
(О)Милена | Црнобело