Богатите купуваат облека на старо и уште 8 изненадувачки факти за животот во Германија
Германците придаваат големо значење на физичката активност, па скоро сите го користат викендот за вежбање - и во природа, и во теретана.
Германија е позната по автомобилите, дисциплината на Германците и квалитетните продукти од секоја област, но сепак не секој знае многу за секојдневните навики на тамошните жители.
Додека за повеќето нешта навистина сме исти како Германците, постојат и ситници кои сигурно ќе ви звучат чудно.
Нормално, бидејќи секој човек е различен, овие факти и навики не важат за сите Германци, но сепак се дел од тамошниот начин на живот.
Во продолжение неколку од нив:
Чистотата и хигиената им се многу важни
Германците се многу строги кога станува збор за чистота и хигиена. Наводно, тие и слободно коментираат за мирисот на другите луѓе, односно им кажуваат на другите кога им мирисаат убаво, а ова е важен комплимент.
За бањање користат крпа
Наместо сунѓери за бањање, Германците преферираат мали крпи од мек материјал. Тие сметаат дека крпите се подобри за пилинг на телото бидејќи се понежни и не ја иритираат кожата.
Го чистат тоалетот по секое користење
Во Германија никако не смеете да ја оставите тоалетната школка валкана и тие ја чистат со четка по секое користење. Логично...
Еколошките продукти се вистински хит
Продавниците во Германија се преплавени со еколошки продукти и амбалажи направени од рециклирачки или разградливи материјали.
Германците обрнуваат и посебно внимание на составот на козметиката што ја купуваат и предност им даваат на продуктите од природни состојки.