Сопругот криел дека е со кафеанска пејачка, баба Ванѓа ѝ ја предвидела смртта – Факти за Силвана Арменулиќ
Тома Здравковиќ целиот живот бил вљубен во неа, била во затвор за затајување данок, сопругот криел од родителите дека е во врска со неа затоа што таа била кафеанска пејачка - што знаеме за Силвана Арменулиќ, чиј лик повторно „заживеа“ со популарниот филм „Тома“?
Биографскиот филм за фолк-пејачот Тома Здравковиќ наиде на одличен одѕив кај публиката. Како кај помладите, така и кај оние повозрасните што добро се сеќаваат на ликот и делото на овој познат српски пејач.
Главен спореден лик, како во филмот, така и во вистинскиот живот на Тома Здравковиќ, е босанската пејачка Силвана Арменулиќ, односно Барјактаревиќ.
Во продолжение неколку интересни факти за неа:
Вистинското име на Силвана Аременулиќ било Зилха Барјактаревиќ и била родена на 18-ти мај 1939-та година во Добој, БиХ, денешна Република Српска, а била едно од десетте деца во нејзиното семејство.
Додека била дете, таа и нејзиниот брат Хајрудин тешко заболеле од дифтерија, што била мошне смртоносна болест во тоа време. За среќа таа оздравела, но не и нејзиниот брат, поради што нивниот татко Мехмед се свртел кон алкохолот.
Таа си отишла од домот на возраст од 16 години и заминала во Сараево кај тетка ѝ каде почнала да ја гради својата музичка кариера.
Во 1958-ма година, односно на нејзини 19 години, во Лесковац го запознала Тома Здравковиќ, со кого ќе остане блиска пријателка во текот на целиот живот.
фото: Инстаграм
На 20 години стигнала и во Белград, каде го земала уметничкото име Силвана, затоа што многу ѝ се допаѓала тогашната популарна актерка Силвана Мангано, а пријателите наводно велеле дека таа мошне наликува на неа.
Актерката Силвана Мангано