„Среќна сум што живеам во свет во кој постои месецот октомври“ – најубавите цитати за „кралицата есен“

Крцкави лисја под нозете, пејзаж обоен во златножолта и огнено црвена боја, неодоливи мириси на компоти и зимници, сезона во која полека почнуваме да ги бараме подебелите џемпери… капки дожд кои се слеваат на стаклото од прозорците, арома на топол чај, мирисот на свежо печена тиква и варена пченка.

Najubavite-citati-za-kralicata-esen-01.jpg

Долги прошетки, прекрасни зајдисонца, спокој и мир во душите… есента е кралица на годишните времиња.

Колку и да се обидувате да не ја сакате, таа со себе носи незаменлива магија.

А ова не се само нашите размислувања. Многу познати и популарни автори ја овековечиле својата љубов кон третата годишна доба низ безвременски цитати:

„Оној којшто мисли дека паднатите есенски лисја се мртви, никогаш не ги гледал како танцуваат на ветрот“ – Шира Тамир

„Среќна сум што живеам во свет во кој постои месецот октомври“ – Л.М. Монтгомери

„Есента е најтешкото годишно време. Лисјата паѓаат како да се заљубуваат во земјата“ – Андреа Гибсон

„Ќе се заљубам, одлучив одненадеж. Есен е, но малку сум престар да ја чекам само пролетта“ – Ѓорѓе Балашевиќ

„И есента тивко му шепна на ветрот: Точно е, кај мене сè паѓа. Но, секогаш најубаво сјае“ – Енџи Вејланд Крозби

„Боите наесен се многу смешни. Толку си светли, интензивни и убави. Како природата да се обидува да нè наполни со боја, да нè засити, да ни направи резерви за зимата во која сè ќе замолкне“ – Вивијан Шајобан

„Есента и октомври, тоа е време кога ветрот ги брише спомените, ја поместува душата и те враќа онаму од каде што мислиш дека си побегнала засекогаш. А не си, и не можеш“ – Меша Селимовиќ

„Зимата е удобност, пролетта е слика со акварел, летото е слика со масло, а есента е мозаик од сите заедно“ – Стенли Хоровиц

„Кога годините би можеле да се сместат во час, есента би бил волшебен час“ – Викторија Ериксон

„Есента има повеќе злато од сите други сезони заедно“ – Џим Бишоп

„Ја сакам есента. Единствената сезона во годината што Бог ја создал едноставно поради нејзината убавина“ – Ли Менард

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Бил посреќен пред да се прослави со улогата на Габриел - Кој е Лукас Браво, згодниот готвач од Emily... Emily in Paris имаше премиера на 4-та сезона, а под долгата коса, брадичката и г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg