Убивале само кога морале, јавноста ги гледала како ѕвезди – факти за Бони и Клајд, озлогласениот пар од САД
Парот убивал само кога тоа било неопходно
Не е познато колку луѓе убиле Бони и Клајд, но се верува дека се одговорни за смртта на 12-13 лица, вклучувајќи и полицајци, и цивили.
Но, нивната главна цел било ограбувањето, па тие убивале само кога биле опкружени со полицајци или кога морале да застрелаат некого за да избегаат од местото што го ограбуваат.
Но, Бони не убила никого
Иако Бони често е претставувана како опасна жена со цигара и оружје во раката (најверојатно поради фотографијата подолу), според ФБИ таа не убила никого, ниту пак, пушела цигари/пури.
Бони му била само помошник на Клајд.
Кога биле убиени, некои луѓе пробувале да украдат делови од нивните тела
Авантурата на Бони и Клајд завршува на 23 мај 1934 година, кога се убиени благодарение на заседата на еден ренџер од Тексас. Во нивниот автомобил биле истрелани над 130 куршуми.
Кратко по нивното убиство, околу автомобилот почнале да се собираат луѓе, вклучувајќи и „ловци на сувенири“ – луѓе кои собираат и продаваат вредни работи.
Бидејќи Бони и Клајд биле ѕвезди во Тексас и САД, овие „ловци“ претпоставиле дека дел од нивното тело сигурно би чинело цело богатство.
Па, кратко по смртта, еден маж се обидел да му го исече увото на Клајд, а друг сакал да му го исече показалецот. И двајцата биле спречени од полицајците.
Еден „ловец“ имал повеќе среќа и успеал да исече прамен од косата на Бони, како и парче од нејзиниот фустан.
Нивниот автомобил е изложен во казино
Бони и Клајд возеле украден Ford V-8 sedan, а по нивната смрт автомобилот му бил вратен на сопственикот, целиот изрешетан од куршуми.
Потоа сопственикот го продал автомобилот и денес тој се наоѓа во казиното Whiskey Pete во Невада.
Бони и Клајд бил погребани на различни места
Бони и Клајд сакале да бидат погребани заедно, но мајката на Бони не го дозволила тоа. Имено, таа не ја оправдувала врската на нејзината ќерка, па ја погребала на други гробишта.
Клајд бил погребан до неговиот брат.
Тие се инспирација за многу филмови
Поради краткиот, но бурен живот, Бони и Клајд се инспирација за многу филмови. Можеби најпопуларен е филмот Bonnie and Clyde од 1967 година, во режија на Артур Пен. Сепак, многу критичари велат дека филмот искривува голем број факти.
Последниот филм инспириран од Бони и Клајд е The Highwaymen од 2019-та во режија на Џон Ли Хенкок. За разлика од претходниот, овој филм се фокусира на ренџерите кои успеваат да ги фатат и убијат Бони и Клајд.
Дејството на филмот е сместено во 1934 година, односно околу 2 години откако почнале кражбите на озлогласениот пар.
Спирова С. | Црнобело