Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото
Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаат да се појават со бизарни комбинации, но ова не се ни споредува со трендовите и третманите за убавина што биле популарни порано.
Изгледа дека луѓето отсекогаш биле подготвени на сè, дури и да си го ризикуваат животот за мода и убавина, па денешните бизарни трендови не се ни споредуваат со она што се случувало порано.
Во продолжение неколку морничави факти што ќе ви докажат дека денешните трендови, дури и оние најлудите, се сепак подобри:
1. Во Кина било сосема нормално на малите девојчиња да им се кршат коските на стапалата со цел да добијат нова форма за да можат да ги носат таканаречените лотос чевли.
Имено, малите стапала биле симбол за убавина. Нормално, денес ова е забрането.
2. Кон крајот на 1800-тите, луѓето верувале дека трепките паѓаат од многу секс, па жените си ставале вештачки трепки за луѓето да не мислат дека се „грешници“.
Се верува дека ова се почетоците на вештачките трепки што се популарни денес.
3. Во викторијанската ера, жените биле вљубени во зелени фустани, ракавици и шешири. Проблемот е што тогаш ткаенината се боела зелена со помош на арсен, па облеката буквално ги убивала жените или, во најмала рака, им предизвикувала проблеми со кожата, како осипи.
4. Жените од викторијанската ера следеле и луда диета – консумирале ларви од тенија, која потоа се изведувала во нивниот дигестивен систем.
Бидејќи тенијата е паразит, тие сметале дека вака ќе можат да јадат колку што сакаат без да се здебелат. Веројатно не ни треба да спомнуваме за бројните лоши последици од оваа „диета“.