10 забавни факти кои звучат како лага, но се вистина
Знаевте ли дека мамутите уште чекореле по Земјата додека се граделе пирамидите во Египет? Во овој миг, односно 2021 година, 2050 година ни е поблиску од 1990-та.
Марк Твен рекол дека реалноста е почудна од фикцијата и дефинитивно бил во право. Како што вели самиот, за нас фикцијата мора да има некаква смисла, додека реалноста не е „обврзана“ да го следи здравиот разум.
Секој од нас многупати налетал на ситуација, факт или што било што го потврдило тврдењето на Твен.
Во продолжение погледнете неколку факти што го докажуваат тоа:
1. Можете да ги сместите сите планети од Сончевиот систем помеѓу Месечината и Земјата. Иако на илустрациите и симулациите од Сончевиот систем Земјата и Месечината изгледаат релативно близу, растојанието помеѓу нив изнесува околу 380.000 километри. Збирот на дијаметарот на планетите во Сончевиот систем (освен Земјата) изнесува приближно 380.008 километри, што значи има доволно простор за сите.
2. Синиот кит е најголемиот цицач на планетата, но има многу мало грло, со дијаметар од само 12-20 сантиметри.
3. На Земјата уште имало мамути кога се граделе пирамидите во Гиза. Поголемиот дел од мамутите изумреле пред околу 10.000 години, но мал број, се претпоставува околу 500-1.000 мамути, преживеале до 1650 година п.н.е. Ова е околу 1.000 години по изградбата на пирамидите во Гиза.
4. Универзитетот Оксфорд е стар речиси цел милениум, односно 925 години. Универзитетот е основан во 1096 година и е постар од Мачу Пикчу, како и цивилизацијата на Ацтеките.
5. Клеопатра живеела поблиску до измислувањето на смартфоните, отколку градењето на пирамидите во Египет. Владетелката е родена во 69 година п.н.е., додека пирамидите во Гиза биле градени во периодот 2550-2490 година п.н.е.