Не оставаат бакшиш и уште 12 работи по кои Јапонците се разликуваат од останатите народи
-->
Некултурно е во јавниот превоз да му го дадете своето место некому затоа што со тоа ја нагласувате неговата слабост, но затоа пак секаде има специјално означени места за стари лица и лица со посебни потреби.
Јапонците се посебен свет со уникатни правила на функционирање. Многу работи таму се поразлични отколку во останатите земји во светот.
-->
Факти за Јапонците:
Туристите ќе ги познаете и по позата на телото, нешто што локалците го нарекуваат „грб на мачка“, додека Јапонците обрнуваат многу големо внимание на држењето на телото и секогаш се исправени.
Јапонците користат помалку парфеми од другите нации и на прво место им е хигиената и мирисот на чистота.
Јапонките, особено постарите, се облекуваат поконзервативно, па не носат голи раменици и длабоко деколте, плус се покриваат со облека за кожата да не им биде изложена на сонцето.
Чевлите мора да ги соблечете, а во домовите имаат посебни влечки за во тоалетите затоа што целиот дом го сметаат за чисто место, а тоалетот за „нечисто“.
-->
-->
Редовна практика е Јапонците да ги кријат тетоважите, тие таму не се толку опуштени како кај нас, па ставаат специјални фластери на нив кога одат на работа или некое јавно место.
Сепак, и кај нас на некои работни позиции тетоважите се недозволени и вработените ги прикриваат, но во Јапонија тоа е почест случај.
-->
Не одобруваат близок контакт со телото, па при средби не сакаат прегратки и бакнежи, најприфатлив физички контакт им е ракување.
-->
На улиците ако пронајдете изгубени клучеви, очила за сонце и слично не смеете да ги земате за да го барате сопственикот, треба да ги оставите или само да ги ставите на повидно место за тој сам да ги пронајде, а во случај да има многу вредни предмети, тогаш треба да ги однесете во полиција.
Уште 6 работи на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат
Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ги надминете тешките моменти во бракот
„Не може да се уништи бракот сè додека и двајцата сте спремни да прест...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување
Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони
Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин
Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
Повеќето сајтови се измама – Работи за Dark Web што сигурно не ги знаевте
Не секој користи Dark Web за криминал, но навистина е лесно да се „наседне“ на л...