Факти за телохранителите на британското кралско семејство - зошто тие ја затвораат вратата од автомобил?
Еден од телохранителите станал дел од семејството
Инспекторот Александер Ушер бил задолжен за безбедноста на кралицата за време на нејзината венчавка со Филип. Тогаш имал само 35 години, но и импресивен стаж.
Цели шест години тој бил важен дел од тимот телохранители на кралицата и толку се зближил со неа, што добивал покани за кралските крштевки, па дури и за пиење чај. Според некои извори, неколкупати се грижел и за децата од кралското семејство.
Во 1953-та тој доби медал за неговата служба во кралското семејство.
Се преземаат посебни мерки за безбедност кога кралското семејство се вози со автомобил
Кога членовите на кралското семејство минуваат низ големи толпи народ со автомобил, телохранителите се добро подготвени за секој исход. Околу автомобилот секогаш има полицајци, а возачите скоро никогаш не ја користат истата рута двапати. На овој начин потешко се предвидува точната локација на автомобилот, па се намалува ризикот од напад.
Телохранителот на принцезата Ен еднаш бил нападнат
И покрај целата заштита, принцезата Ен, единствената ќерка на Елизабета, се нашла во навистина опасна ситуација.
Во 1974-та, Ен, нејзиниот сопруг, нивниот возач и нејзиниот телохранител биле нападнати. Ен успеала да се заклучи во автомобилот, а напаѓачот избегал. Нејзиниот телохранителот завршил во болница, а подоцна добил награда за неговата храброст.
Телохранителите се грижат и за предметите на семејството
Задачата на кралските телохранители е да водат сметка и за предметите што ги поседува кралското семејство.
Членовите на кралското семејство поседуваат уметнички дела, покуќнина и разни предмети со огромна вредност и важност, па телохранителите мораат да се грижат и за нив.
Телохранителот на Дијана ѝ станал „рамо за плачење“
Иако постојат граници во односот на телохранителите и членовите од кралското семејство, кога минувате многу време со некого, нормално е да се појави близина. Кога почина таткото на принцезата Дијана, таа побарала утеха кај нејзиниот телохранител Кен Варф.
„Седев на нејзиниот кревет и ја тешев додека таа плачеше со часови“, има изјавено тој.
Дијана била блиска и со друг телохранител, Бери Манаки, а за неговата смрт има изјавено дека е едно од најлошите нешта што ги доживеала.
Одговорни се и за онлајн безбедноста на семејството
Денес сите живееме и онлајн, па важна е и сајбер безбедноста на кралското семејство. Тимот што се грижи за нивната безбедност има одредено правила, па ако некој ги прекрши со некаква објава, тимот може да ургира објавата да биде избришана, па дури и да се блокира профилот на таа личност.
Спирова С. | Црнобело