Факти за телохранителите на британското кралско семејство - зошто тие ја затвораат вратата од автомобил?
Кога сте член на кралско семејство, никогаш не можете да бидете премногу претпазливи во врска со вашата безбедност. Токму затоа, овие луѓе никогаш не излегуваат од палатата без придружба на телохранител.
Но знаете ли колку е тешко да се стигне до оваа позиција, и какви сè предизвици носи?
Во продолжение погледнете неколку забавни факти за телохранителите на британското кралско семејство:
Сите членови имаат свој телохранител
Секој од британското кралско семејство си има свој телохранител кој се грижи за неговата безбедност. Кога членовите треба да присуствуваат на поголем јавен настан, најчесто се придружени од група телохранители.
Обично телохранителите не стојат веднаш до членовите на кралското семејство, но секогаш се во непосредна близина и внимаваат на нив.
Нивниот тренинг трае со месеци
Ако сакате да го штитите кралското семејство, ќе поминете неколку месеци во тренирање, без разлика на вашето претходно искуство.
Според Сајмон Морган, поранешен телохранител на семејството, тој поминал 30-неделна обука пред да му дозволат да работи. Седум и пол месеци, тој ги усовршувал техниките за одбрана, возење и слично, за неговите надредени да се осигурат дека нема да направи ниту една грешка на работното место.
Телохранителката на Кејт Мидлтон работела и за други принцези
Ема Робертс е телохранителка на Кејт Мидлтон уште од 2010-та година. Неретко, жените од кралското семејство имаат женски телохранители, најмногу за да се чувствуваат попријатно, бидејќи минуваат многу време заедно.
Претходно Ема била дел од тимот телохранители на принцезата Беатрис и принцезата Јуџин (Евгенија), а подоцна помогнала во тренингот на телохранителката на Меган Маркл. Според извори блиски до семејството, телохранителката на Меган си заминала кратко откако ја добила работата и наводно, Меган тешко се справила со тоа.
Секогаш се „еден чекор пред кралското семејство“
Телохранителите на кралското семејство не смеат да си дозволат грешка и мораат да помислат на сите исходи за одредена ситуација. Според Колин Тебат, кој има работено за неколку членови од кралското семејство, вклучувајќи ја и принцезата Дијана:
„Набрзо сфаќате дека мора живеете еден чекор пред кралското семејство“.
Само телохранителите ги затвораат автомобилските врати
Кога Меган Маркл сама си ја затвори вратата од автомобилот (пред „Мегзит“), јавноста дозна дека ова е против кралските правила. Имено, според кралскиот протокол, само телохранителите можат да ги затвораат вратите од автомобилите на членовите на кралското семејство.
Причината за ова е тоа што пред да ја затвори вратата, телохранителот проценува дали постои некаква опасност. Ако се сомнева во нешто, не ја затвора вратата и членот на кралското семејство има можност побрзо да се врати на безбедно во автомобилот.
Британската армија ја штити кралицата
Ако мислевте дека принцезите и принцовите имаат огромна заштита, замислете како ѝ е на кралицата Елизабета. За безбедноста на кралицата секогаш се грижи тим од британската армија, составен од две единици. Во армијата, ова е најголемото унапредување што можете да го добиете.