Починал на 69 години, го изневерувала со 17-годишниот Емануел Макрон: Кој е првиот сопруг на Брижит Макрон?
Имале среќен брак и 3 деца сѐ додека на почетокот на 90-тите Брижит не ја започнала аферата со 25-години помладиот ученик Емануел Макрон.
Неодамна беше откриено дека првиот сопруг на Брижит Макрон, Андре Луи Озиер, починал во декември 2019 на 69-годишна возраст. Информацијата ја откри неговата најмлада ќерка во колумна за магазинот „Paris Match“.
Тој е татко на 3-те деца на Брижит, а починал по долга битка со болест во некоја клиника во Париз.
По разводот со Брижит финализиран во 2006 година, Андре сакал неговиот живот да се држи во строга тајност. Веќе во 2007-ма Брижит се омажила за Емануел.
Детали за Андре не успеаја да пронајдат ниту француските новинари во екот на претседателската кампања на Емануел Макрон.