Не фрлаат храна, децата чистат во училиште – Навики на Јапонците кои треба да ги примениме и ние
Јапонската култура е поразлична од сè што сме виделе, а на сите ни е јасно дека можеме да научиме многу од овој народ.
Дисциплината и учтивоста се едни од најважните карактеристики за Јапонците, па тие им ги всадуваат овие вредности на децата уште од најрана возраст.
Погледнете кои навики на Јапонците би требало да ги примениме и ние:
Во Јапонија, сите го почитуваат туѓото време. Знаевте ли дека тамошните возови не доцнат речиси никогаш, а најчесто доцнењето е само неколку секунди?
Доцнењето е неприфатливо за Јапонците, без разлика дали станува збор за состанок или пријателска средба.
Смартфоните речиси и да не се користат на јавните места. На Јапонците им е јасно дека никој не сака да ги слуша нивните разговори кога се возат со автобус, кога се во ресторан или кога се на какво било јавно место.
Истовремено, тие избегнуваат да го проверуваат телефонот кога се со некој, бидејќи тоа е неучтиво.
Во основно училиште децата изучуваат предмет наречен етика. Целта на овој предмет е да ги научат децата уште од најрана возраст како да се однесуваат со другите, како да решаваат проблеми, како да покажат почит и како да градат стабилни и коректни односи со другите.
Јапонските родители ретко најмуваат дадилки и куќни помошници. Тие се научени сами да го средуваат нивниот неред и сами да се грижат за децата и домот.