Скандал со проститутка, не сака животни - Факти кои ја откриваат вистинската страна на Еди Марфи
Тешко минатото
Таткото на Еди починал уште кога актерот бил настина млад. Па, тој морал да оди во сиропиталиште.
Самиот Еди има изјавено дека комедијата му станала како утеха во тие тешки моменти.
Брак од две недели
Еди Марфи и Трејси Едмондс се венчаа во 2008-ма година во Француска Полинезија. Овој брак не бил признат во САД, но веројатно тоа не било проблем – актерот и Трејси се разделија само две недели по венчавката.
Откажување од Оскарите
Во 2012-та, Еди требаше да ги води Оскарите. Но, неговиот добар пријател, Брет Ратнер, споделил неколку недолични коментари, па му забраниле да присуствува на церемонијата.
Поради ова, Еди решил да не ги води Оскарите.
Одбивал да признае дека е татко
Една од подолгите врски на Еди е онаа со Мел Би од Spice Girls.
Парот ја започна врската во 2006-та, а се разделија две години подоцна. Тој период Мел Би беше бремена и веруваше дека детето е на актерот.
Актерот го негираше ова и не сакаше да направи тест, но на крај излезе дека Мел е во право.
Се обиде да заплива во музичките води
Еди не само што имаше музичка албум, туку во 1993-та направи и песна со Мајкл Џексон.
Сепак, тоа беше крајот на неговата музичка кариера.
Клетвата од „Shrek“
Постои верување дека сите актери кои работеле на анимираниот филм „Shrek“, потоа немале среќа во кариерата.
Ова верување потекнува од фактот што ниту Еди Марфи, ниту Камерон Диаз, ниту Мајк Маерс не добиле добра улога после „Shrek“.
Преголемо его
Кога ќе го земете предвид неговиот успех, станува јасно зошто Еди има високо мислење за себе.
Но, изгледа актерот претерал бидејќи неговата преголема самодоверба му предизвикала многу проблеми со семејството и во кариерата.
Спирова С. | Црнобело