Расистички објави, исмејување на колешките - Лошата страна на Камила Кабејо
Наводно, го планирала нејзиниот прв сингл со Шон Мендез зад грбот на Fifth Harmony
Камила е прва од бендот која започна соло кариера. Таа соработуваше со нејзиното сегашно момче, Шон Мендез, и го издадоа хитот „I Know What You Did Last Summer“.
Подоцна се појавија гласини дека Камила ја планирала соработката уште додека беше дел од групата.
На девојките од Fifth Harmony не им кажа лично дека ќе ги напушта
Фановите беа шокирани кога во 2016-та, девојките од Fifth Harmony споделија дека Камила ќе ги напушта. Тие изјавија дека таа не им кажала лично, туку ја добиле веста од нејзин претставник.
Камила ги демантираше гласините, но девојките тврдеа дека пејачката дури одбивал и да разговара со нив.
Сподели објава која го исмејува насилството помеѓу Крис Браун и Ријана
Сите се сеќаваат на малтретирањето што го претрпе Ријана од Крис Браун.
Тој период, Камила сподели објава на Tumblr на која пишуваше „Rihanna’s IQ is 117 can you beat her?“ (Ријана има IQ од 177, можете ли да ја „тепате“?)
Веднаш под натписот имаше фотографија од Крис Браун, на која пишуваше „Веќе го направив тоа“.
Ги навреди пејачките способности на колешките од Fifth Harmony
Во јавноста протече порака во која Камила напишала дека песната ќе звучи многу лошо ако сите имаат исто за пеење. Според неа, подобро би било само таа и уште една од девојките да бидат главните вокали.
Ја нарече врската со Шон „заморна“
Иако се омилениот пар на многумина, изгледа и кај Шон и Камила не е сè така розово.
Во едно интервју од оваа година, Камила изјави дека било многу заморно да си вљубен.
Спирова С. | Црнобело