Расистички објави, исмејување на колешките - Лошата страна на Камила Кабејо
Откако во 2012-та се формира групата Fifth Harmony, кариерата на Камила Кабејо брзо тргна во нагорна линија.
Набрзо пејачката го напушти бендот и почна соло кариера, а успесите постојано се нижеа.
Но и покрај големиот успех и многуте фанови, Камила неколкупати го привлече вниманието на јавноста со лошото однесување.
Во продолжение прочитајте неколку факти што ја прикажуваат Камила во лошо светло:
Во минатото споделила неколку расистички Tumblr објави
Во декември 2019-та, јавноста дозна за објавите на Камила на платформата Tumblr. Повеќето од објавите се од 2012 и 2013 година, кога пејачката имаше 15-тина години.
На една објава се гледа резултат од пребарување каде што пишува „Зошто Азијците го зборуваат чинг-чонг јазикот“.
Подоцна пејачката се извини за нејзиното недолично однесување на социјалните мрежи.
Украде молив од Бакингемската палата
Во ноември минатата година, Камила изјави дека украла молив од Бакингемската палата. Сепак, таа на шега го призна ова неодамна:
„Го ставив во чантата на мајка ми. Сè уште го чувам. Извини Вилијам и извини Кејт“, сподели Камила.
Беше елиминирана од X-Factor како соло артист
На почеток, Камила се натпреваруваше во втората сезона од The X-Factor како соло артист. Но, била елиминирана, а потоа добила понуда да продолжи да се натпреварува како дел од Fifth Harmony.
Изјави дека сака да ја удри Али Брук
Али Брук беше дел од Fifth Harmony, но изгледа не биле во најдобри односи со Камила.
Во 2016-та, се дозна дека Камила го исмејувала начинот на кој зборувала Али.
„Секогаш кога Али зборува, потребна ми е целата сила за да не ја удрам“, биле зборовите на Камила.