Барала ВИП третман во неразвиени земји, ја следат скандали – Која е вистинската Мадона?
Културно присвојување
Последниве неколку години светот е почувствителен на таканареченото културно присвојување.
Мадона, пак, стана места на критики кога се појави со традиционална африканска облека на MTV VMA 2018.
Доцни на нејзините концерти
Кога сте суперѕвезда и имате полн распоред, нормално е некогаш да задоцните.
Но, Мадона без проблем доцни дури и по еден час. Во 2015-та, откако задоцни на нејзиниот концерт во Манчестер, фановите буквално ја „исвиркаа“.
Непочитување на знамето на Порторико
Навистина е добро кога ќе видите дека некоја позната личност покажува почит кон државата во која настапува. Но, како би се чувствувале ако некоја позната личност покаже целосно непочитување кон вашата нација?
Во 1993-та, Мадона настапуваше во Порторико, иако власта не ѝ го дозволи тоа. Поради забраната, таа реши да провоцира така што се појави на сцената со знамето на Порторико.
Богохулење во музички спот
Многу спотови на Мадона предизвикаа скандали, но можеби најконтроверзен е спотот за Like A Prayer.
Во видеото има сцена каде што Мадона танцува пред запалени крстови. Откако спотот беше објавен, Католичката црква, но и верниците ширум светот беа навистина навредени.
Случаен британски акцент
Во зависност од тоа каде живеете и со кого се дружите, вашиот акцент може да се промени. Ова најчесто се забележува кај актерите кои доаѓаат од Австралија или Англија во САД.
Сепак, вистинска реткост е некој Американец да развие британски акцент. Но, поради некој причина, ова ѝ се случи на Мадона.
Извонреден ученик
Ретко кога ги поврзуваме познатите со добар академски успех, но секогаш има исклучоци. Наводно, Мадона била извонреден ученик со многу добри оценки.
Таа дури добила и стипендија за танцување, што ѝ овозможила да се запише на Универзитетот во Мичиген. Сепак, се откажала од студиите за да стане пејачка.
Актерска кариера
Понекогаш познатите градат кариера во неколку области, а Мадона се обиде да заплива во актерските води.
Во 1996-та таа ја доби главната улога во мјузиклот Evita и заврши одлична работа. Но, во 2002-ра се појави во филмот на нејзиниот тогашен сопруг Гај Ричи. Филмот Swept Away заработи едвај половина милион долари.
Спирова С. | Црнобело