Казна за покажување на задникот во јавност: 14 интересни факти за Бред Пит
Денес Бред Пит е најпосакуваниот актер, не само поради изгледот, туку и поради талентот.
Актерот ја започна кариерата во 1987-ма, а може да се пофали со навистина добри улоги уште во неговата младост. Овојпат ќе се фокусираме на нив.
Погледнете неколку интересни факти за улогите на Бред Пит во минатото:
Бил тужен за нарушување на редот и мирот на сетот на „Cutting Class“
Очигледно, на актерот му било навистина здодевно на сетот бидејќи почнал да го покажува својот задник на автомобилите што минувале во близина.
Се разбира, полицијата дознала за тоа и Бред си добил казна за нарушување на јавниот ред и мир.
Му ја „украл“ улогата на Џорџ Клуни во „Thelma and Louise“
Оваа улога му помогна на Бред да се пробие во филмската индустрија, но било потребно многу малку за да не ја добие.
Имено, за ликот на Бред најпрво сакале да го земат Џорџ Клуни. Подоцна Клуни изјави дека Бред завршил одлична работа и дека улогата му припаднала на вистинскиот актер.
За појавувањето во „Dark Side of the Sun“ се натпреварувал со 400 кандидати
Изгледа дека режисерот Божидар Николиќ навистина го видел потенцијалот на Бред, штом го одбрал токму него од 400 други кандидати.
Можеби Божидар знаел дека Бред е најдобриот избор за улогата, но сигурно не ни претпоставувал каква ѕвезда ќе стане актерот.
Не сакал да го променат крајот на „Se7en“
Во случај да не ви е изгледан филмот, не кажуваме како завршува, но сигурно сте слушнале дека крајот е навистина шокантен.
Наводно, Бред изјавил дека нема да се појави во филмот доколу го сменат оригиналниот крај. Кога ќе го изгледате, ќе сфатите дека донел добра одлука.
Добил само 6.000 долари за улогата во „Thelma and Louise“
Иако оваа улога го проби, за неа Бред добил само 6.000 долари. Но, славата и статусот што ги заработи од филмот, дефинитивно вредат повеќе.
Доби забрана за влегување во Кина после снимањето на Seven Years in Tibet
Ова прекрасен филм што ја раскажува приказната за познатиот планинар Хенрик Харер и неговото пријателство со Далај Лама.
Филмот е сместен во периодот кога се случува кинеската инвазија на Тибет, а бидејќи во филмот е прикажан и тој дел, Бред добил забрана за влегување во Кина.
Сепак, забраната престанала да важи во 2014-та.
Ја одбил улогата во „Apollo 13“ за да го сними „Se7en“
„Apollo 13“ е филм што доби неколку Оскари во 1996-та, а Бред ја одбил понудата да се појави во него.
Сепак, актерот одбил за да работи на култниот „Se7en“. И овојпат ја направил вистинската одлука, бидејќи ова е една од неговите најпрепознатливи улоги.