Се оженил на 18 години, татко му го запознал на 25: Интересни факти за Џулијан Асанж
Асанж се селел повеќе од 50 пати во текот на детството и променил 37 училишта. Во еквадорската амбасада му дошла на посета и Лејди Гага.
Џулијан Асанж по 7 години азил во еквадорската амбасада во Лондон беше уапсен.
Се смета дека причината за укинување на азилот е што му го хакирал телефонот на претседателот на Еквадор и во јавноста излегле голем број негови приватни пораки, како и фотографии од неговиот луксузен одмор во Европа каде јадел јастог во кревет.
Асанж е една од највлијателните личности во светот, има неверојатно висок коефициент на интелигенција, а неговиот сајт Wikileaks од 2006, каде излегоа низа доверливи информации, го растресе светот.
Тој беше прогласен за личност на годината, а на неговиот лик и дело веќе со години се воодушевуваат луѓето ширум светот.
Интересни факти за Асанж:
Роден е на 2-ри јули 1971 година. Мајка му и татко му се разделиле пред неговото раѓање и тој не го запознал татко му сè до 25-годишна возраст.
Асанж се селел повеќе од 50 пати во текот на детството и променил 37 училишта.
Од 16 години почнал да хакира под прекарот Mendax.
На Асанж му се имаат заканувано скиентолошката црква, претседателот на Кенија, луѓе од Русија, Пентагон и речиси сите од секаде.
Познат e како егоцентрична и параноична личност.
Ужасен е со хигиената и понекогаш дури заборава да пушти вода во тоалетот.
Наводно е добар со деца. Бил самохран татко 14 години.
Синот Даниел сега му работи како софтверски инженер.
Кога го славел својот 41-ви роденден им испратил торта на сите демонстранти кои пред амбасадата протестирале против неговото затворање.
Уште 8 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





