„Не дизајнирам облека, туку соништа“ - импресивни цитати од светот на високата мода

За некои бесмислена, за некои најдобрата причина за живот. Што претставува модата за вас?

Impresivni-citati-od-svetot-na-modata-01.jpg

Се чини дека многумина ја сфаќаат премалку, а други пак премногу сериозно. Во втората група секако се дизајнерите и пасионираните обожаватели на модните трендови кои дишат за секое убаво парче облека.

Некои од безвременските цитати на познатите модни дизајнери и љубители на модата ја потврдуваат нејзината глобална доминација и зошто истата никогаш нема да згасне:

1. Тренерките се знак за пораз. Сте изгубиле контрола над својот живот, па сте купиле тренерки за носење – Карл Лагерфилд

2. Несветнатите чевли се крајот на цивилизацијата – Дајана Вриленд

3. Жената која не носи парфем, нема иднина – Коко Шанел

4. Пораката на едноделниот комбинезон во леопардски дезен е следната: јас сум ловец кој со задоволство ги јаде органите на пленот – Сајмон Дунан

5. Би рекол дека добрите чевли се исто што и добро вино – Кристијан Лобутин

6. Не можам да се концентрирам во ниски чевли – Викторија Бекам

7. Вечерен фустан кој ги открива глуждовите на една жена е најодвратното нешто што сум го видел во животот – Валентино Гарвани

8. Не дизајнирам облека. Дизајнирам соништа – Ралф Лорен

9. Она што го носите ве претставува пред другите, особено денес кога човечкиот контакт е сведен на краток момент. Модата е инстантен јазик за разбирање – Мучиа Прада

10. Цврсто верувам дека со вистинскиот пар чевли човек може да владее со светот – Бет Мидлер

11. Можеш да имаш сè што ќе посакаш во животот доколку си облечен за тоа – Идит Хед

12. Кога се двоумите, носете црвено – Бил Блес

13. Модата избледува, стилот е вечен – Ив Сен Лорен

14. Мода е она што ти се нуди 4 пати во годината од страна на дизајнери. Стил е она што ќе го одбереш – Лорен Хатон

15. Луѓето ќе зјапаат. Направете да им се исплати – Хери Винстон

16. Со цел некој да биде незаменлив тој секогаш мора да биде различен – Коко Шанел

17. Модата е како јадење, не треба строго да се држите на едно исто мени – Кензо Такада

18. Со текот на годините научив дека она што е важно кај фустанот е жената којашто го носи – Ив Сен Лорен

19. Девојките не се облекуваат за момчињата. Се дотеруваат за себе и секако, една за друга. Ако девојките се облекуваа за момците, постојано би оделе голи наоколу – Бетси Џонсон

20. Не се занимавам со мода. Јас сум мода – Коко Шанел

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg