Цитати од Дизни кои имаат подлабоко значење сега, откако пораснавме
Волт Дизни со години ги освојува срцата на милиони семејства.
Нивните анимирани филмови секогаш се фокусирале на прикажување на бајките онака како што би можеле да нè научат на вредни лекции.
Како на пример:
1. „Минатото може да боли. Но, како што јас гледам на работите, или можеш да бегаш од него или да научиш од него.“ - Рафики, The Lion King
2. „Вистинскиот херој не се мери по неговата физичка сила, туку по силата во неговото срце.“ - Зевс, Hercules
3. „Можеби не успеав да отидам таму каде планирав да отидам, но мислам дека завршив таму каде требаше да завршам.“ - Даглас Адамс, Up
4. „Најголемиот ризик кој може да го преземе било кој од нас е да биде виден онаков каков што навистина е.“ - Пепелашка, Cinderella
5. „Охана значи семејство, а семејство значи дека никој не е изоставен. Ниту пак, заборавен.“ - Лило, Lilo and Stitch
6. „Вчера е минато, утре е мистерија, но денес е подарок. Затоа го нарекуваме сегашност.“ - Пу, Winnie the Pooh
7. „Не суди, додека не видиш што се крие внатре.“ - Спирит, Spirit of the Cimarron
8. „Да сакаш значи нечии потреби да ги ставиш пред твоите.“ - Олаф, Frozen
9. „Животот е хаотичен. Сите ние правиме грешки. Но, без разлика на тоа кое животно си, промената почнува од тебе.“ - Џуди Хопс, Zootopia
10. „Цветот кој цути во тешки времиња е најреткиот и најубав цвет од сите.“ - Императорот, Mulan
11. „Похрабар си отколку што веруваш дека си, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш дека си.“ - Кристофер Робин, Winnie the Pooh
12. „Ако набљудувањето е сè што правиш, тогаш ќе гледаш како животот си тече и минува без тебе.“ - Лаверн, The Hunchback of Notre Dame
13. „Од тебе зависи колку далеку ќе отидеш. Ако не се обидеш, никогаш нема да знаеш.“ - Мерлин, Sword in the Stone
14. „Во моето срце секогаш ќе биде сеќавањето, а таму и ти ќе бидеш засекогаш.“ - Тод, The Fox and the Hound
15. „Нашата судбина лежи во нас. Само ние можеме да бидеме доволно храбри за да ја видиме.“ - Мерида, Brave
16. „Понекогаш, вистинскиот пат не е и најлесниот.“ - Баба Вилоу, Pocahontas
17. „Секоја авантура бара прв чекор.“ - Чеширската мачка, Alice in Wonderland
18. „Истите тие работи кои те држат на едното исто место, можат да те издигнат и во височини.“ - Глушецот Тимоти, Dumbo
19. „Единствениот начин да ги добиеш работите кои ги посакуваш е напорно да работиш.“ - Тијана, The Princess and the Frog
20. „Таа го предупреди него да не биде прелажан од изгледот, бидејќи убавината доаѓа однатре.“ - Нараторот, Beauty and the Beast
21. „Кога животот те разочарува, знаеш што треба да продолжиш да правиш? Да пливаш.“ - Дори, Finding Nemo
22. „Како и за многу други работи во животот, не е важно она што е однадвор, туку она што е однатре.“ - Трговец, Aladdin
23. „Ако се фокусираш на она што си оставил зад себе, никогаш нема да можеш да продолжиш понатаму.“ - Густо, Ratatouille
24. „Само ти ќе се искачиш на планината, само ти ќе го достигнеш врвот“ - Тарзан, Tarzan
25. „Сите наши соништа можат да се остварат, ако имаме храброст да ги следиме.“ - Волт Дизни
Н. Г. | Црнобело