Луѓето кои вложуваат во создавање искуства се многу посреќни
Искуствата и сеќавањата се нешта кои остануваа со вас во текот на целиот живот и ви помагаат подобро да се справите со предизвиците кој тој ви ги наметнува.
Од друга страна пак, среќата е прашање на избор и од секој од нас зависи дали ќе успееме да ја пронајдеме дури и во најмалите нешта кои не опкружуваат или постојано ќе бидеме незадоволни, сметајќи дека некој секогаш има повеќе од нас.
Научниците докажале дека трошењето време и пари на материјални нешта само моментално предизвикува чувство на задоволеност, кое брзо исчезнува.
Токму затоа, луѓето кои го инвестираат своето слободно време во активности кои создаваат искуства и спомени се многу посреќни, бидејќи ваквата среќа воопшто не исчезнува, напротив со секоја нова авантура станува сè поголема и поголема.
Следните илустрации совршено го прикажуваат тоа:
М. С. | Црнобело