Паметна и мотивирана: 12 знаци дека сте алфа жена

Ако никогаш сте го слушнале овој термин, а ви се допаѓа како звучи, можеби причината е што тој совршено ве опишува како личност!

pametna-i-motivirana-12-znaci-deka-ste-alfa-zena-001.jpg

Алфа жените се доминантни во својата група. Тие се силни и полни самодоверба, напорно работат и немаат многу слободно време. Моќни се, забавни и секогаш подготвени за нови предизвици. Алфа жените знаат што сакаат и наоѓаат начин да го постигнат истото.

Ако кај себе препознавате поголем дел од следните знаци тогаш можете со право да кажете дека сте вистинска алфа жена:

1. Полна со самодоверба

И таа како и секоја друга има маани и несигурности, но наместо тоа таа избира да ја покаже својата самодоверба, бидејќи е сигурна во себе и знае што сака. Никогаш не е гласна, ниту нападна. Едноставно зрачи со сигурност и позитивност.

2. Знае да балансира меѓу животот и работата

Напорно работи, но знае и како да се опушти кога ќе дојде време за тоа. Постојано одржува здрава рамнотежа и храбро чекори напред.

3. Не прима наредби од никого

Таа има етички и морални граници и не се плаши да каже „не“. Не губи време по жалење за пропуштените можности. Секогаш ја кажува вистината и токму затоа е ценета од сите.

4. Знае да прифати критика

Таа е способна да се соочи со вистината. Ги прифаќа сите конструктивни критики и се труди да научи нешто од нив, за да стане уште подобра.

5. Не се натпреварува со другите

Напорно работи, ни никогаш не го гради својот успех врз туѓ неуспех. Сака да успее, но и да им помогне на другите да го следат нејзиниот пример.

6. Не се плаши од предизвиците на животот

Верува во сопствената интелигенција, своите соништа и способности. Одбива да биде уплашена од другите, без оглед како тие изгледаат, колку постигнале и колку се успешни.

7. Поседува висока интелигенција

Знае кога е време да се повлече од друштвото токсични луѓе, лошата врска или ситуација. Кога интуицијата ѝ кажува дека нешто не е во ред, верува доволно во себе и го следи тоа што таа ѝ го диктира.

8. Ги прави работите со најдобра намера

Никогаш нема да ги искористи другите луѓе за сопствена корист. Живее слободно и не очекува ништо за возврат.

9. Знае како да го контролира стресот

Секогаш внимателно ги анализира ситуациите и се труди да најде едноставно решение. Никогаш не дозволува стресот да управува со неа и нејзините одлуки.

10. Знае да ги мотивира луѓето околу неа

Таа е најверниот и најгласниот навивач на нејзините пријатели и членови на семејството. Секогаш е тука да помогне, поддржи и мотивира.

11. Знае да прифати пораз

Посветена е на она што го сака. Одбира да ризикува бидејќи знае дека само така ќе ги исполни своите соништа и прифаќа дека поразите се неодминлив дел од животот. Секој пораз е само поголема мотивација да успее и да биде подобра од претходно.

12. Не жали за донесените одлуки

Таа учи од секое искуство и смета дека секое искуство е животна лекција. Го прифаќа своето патување и не дозволува минатото да ѝ ја одредува иднината. Таа секогаш гледа на работите од нова перспектива, постојано учи, расте и испробува нови работи. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg