Најдобрите цитати на Франц Кафка: Оние кои не го паметат минатото, се осудени да го повторуваат
Франц Кафка е роден во Прага на 3-ти јули 1883-та година во богато семејство во кое доминирал неговиот татко. По завршувањето на средно училиште запиша факултет за хемија, но се откажува од овој факултет и запишува германска книжевност и историја.
Работел како адвокат, иако, всушност сакал да се занимава само со пишување. Поголемиот дел од своите книжевни дела сакал да ги запали. Починал од туберкулоза во Виена на 3 јуни 1924 година.
Ова се дел од кратките цитати од овој литературен гениј кои имаат моќ да ве научат важни животни лекции:
- Патеките се создадаваат со движење.
- Младоста е среќна, бидејќи е во можност да ја види убавината. Секој кој има способност да ја види убавината, не може да остари.
- Оние кои не го паметат минатото се осудени да го повторуваат.
- Започнете со она што е правилно, не со она што е прифатливо.
- Со преземање на премногу одговорност човекот се уништува.
- Се чувствувам себеси само кога сум очаен.
- Првиот знак за почетокот на разбирањето е желбата за умирање.
- Несреќата на Дон Кихот не беше неговата имагинација, туку Санчо Панса.
- Сите ние имаме крилја, но не ни се корисни. Кога би можеле да ги искинеме, тоа би го направиле.
- Ако би постоел вечно, како би постоел утре?
М. А. | Црнобело