10 Мотивациски цитати за дипломираните студенти

Ја подготвувате дипломската? Честитки! Допрва доаѓа вашето време во кое ќе блеснете во полн сјај и време на остварување на соништата...

10-motivaciski-citati-za-diplomiranite-studenti-1

Колку и да е прекрасно дипломирањето на факултет, во исто време може да изгледа застрашувачки, но не се обесхрабрувајте, туку мотивирајте се:

1. „ Кога размислувате за било што, размислувајте на големо.”

Златно правило е секогаш да сонувате на големо, да верувате во себе и да ги следите своите цели без да помислите да се откажете.


2.
 
„Извонредноста не е вештина, туку карактер.”

Вашата диплома ќе ви отвори многу врати, но вербата во себе ќе ве вработи.


3. 
„Вашето време е ограничено, затоа не го трошете живеејќи како што другите сакаат.”

Не дозволувајте туѓите мислења да го стишат вашиот внатрешен глас. Следете ја интуицијата и бидете сигурни дека ќе успеете.


4.
„Успехот не е резултат на спонтаност. Морате да ризикувате.”

Без разлика што имате диплома, успехот нема да ви падне од небо. Морате да се издвоите од толпата и да ризикувате.


5. 
„Ако некој ви понуди одлична можност, но вие не сте сигурни дека ќе можете да ја работите, сепак кажете ДА. Подоцна научете како да ја работите.”

Универзитетот нема да ве подготви на сѐ, но само затоа што не знаете одредена работа не значи дека не можете да ја научите.

10-motivaciski-citati-za-diplomiranite-studenti-2

6. „Најди работа која ја сакаш и нема да мораш да работиш ниту еден ден во животот”

Кога работите нешто што го сакате, секој ден ви е нов предизвик.


7. 
„Секој ден започнете го со верба кон вашите соништа. Без да се сомневате верувајте дека сте создадени за да направите добро дело.”

Работодавците бараат позитивни луѓе кои веруваат во себе и своите способности, запомнете го тоа.


8. 
„Напуштете го градот, излезете од комфорната зона и препуштете се на лудоста на интуицијата. Тоа што ќе го откриете е навистина прекрасно...”

Да се излезе од комфорната зона не е лесно, но тоа ќе биде вашата најдобра одлука.


9. 
„Образовани сте. Имате диплома на која гледате како на билет за добриот живот. Помислете на алтернатива. Зошто не погледнете на дипломата како на билет со кој ќе го промените животот?”

Дипломата може да ви обезбеди добар живот, но зошто да запрете таму? Водете ги останатите кон подобар живот, подобар свет за сите.


10. 
„Образованието е прекрасна работа, но од време на време потсетувајте се дека сѐ што вреди да се знае не може да се научи.

Животот ќе ве научи на илјадници нови нешта, едукацијата за вас допрва започнува.

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg