10 животни правила на Бил Гејтс кои треба да ги знаете

Тој е еден од најмоќните, најпаметните и најбогатите луѓе. Но, сигурно е дека сите мудрости и лекции не ги научил само од книгите и училиштето, туку и од самите животни ситуации.

10-zivotni-pravila-na-bil-gejts-koi-treba-da-gi-znaete-01

Ниеден живот не е лесен и едноставен, па не е ниту неговиот, иако може често така да ви се чини.

Тој има неколку правила кои вреди секој да ги знае:

Правило 1:

Животот не е фер, навикни се на тоа!

Правило 2:

Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш да се чувствуваш добро во своја кожа.

Правило 3:

Нема да заработуваш $60.000 годишно штом ќе завршиш средно. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, сè додека не го заработиш.

Правило 4:

Ако мислиш дека учителот ти е строг, почекај да го запознаеш шефот.

Правило 5:

Печењето хамбургери не треба да ти биде под чест. Твоите предци имале друго име за печењето хамбургери. Тоа го нарекувале шанса.

Правило 6:

Ако згрешиш, не ти се виновни родителите. Не кукај за грешките, туку учи од нив.

Правило 7:

Пред твоето раѓање твоите родители не биле досадни како сега. Такви станаа поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека и слушањето за тоа колку си ти кул. Затоа, пред да ја спасуваш шумата од паразити, прво среди си ја твојата гардероба во собата.

Правило 8:

Твоето училиште има начин како да се справи и со победниците и со губитниците, животот нема. Во некои училишта се укинати негативните оценки и ти даваат безброј можности за да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот.

Правило 9 :

Животот не е поделен на семестри. Нема слободно лето и многу малку од вработените се заинтересирани да ти помогнат за да се пронајдеш себе. Тоа прави го во своето слободно време.

Правило 10:

Она што е на телевизија не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот мора да го напуштиш кафулето и да одиш на работа.

Би можело да ве интересира:

15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg