Пораснал во религиозно семејство, не сакал да стане славен – Факти за Хозиер

Иако пораснал во религиозно семејство, денес Хозиер вели дека е агностик и дека не му се допаѓа осудувачкиот став на религијата на неговите родители. Што друго знаеме за пејачот кој навистина умешно го крие приватниот живот?

porasnal-vo-religiozno-semejstvo-ne-sakal-da-stane-slaven-fakti-za-hozier-01.jpg

Откако ја издаде Take Me to Church во 2013-та, Ирецот Хозиер стана светска сензација.

Но, потоа како да исчезна, за во 2024-та повторно да издаде песна – Too Sweet – која преку ноќ стана хит.

Целосното име на пејачот е Ендру Хозиер-Бирн, а роден е во 1990 година, во Њукасл, Ирска.

Генерално се држи настрана од јавноста и не го експонира приватниот живот, па не се познати многу детали за него.

Што знаеме за ирскиот музичар?

Пораснал во религиозно семејство

Родителите на Хозиер биле католици, но потоа ја промениле верата и почнале да го следат таканареченото „Верско друштво на пријатели“ (Religious Society of Friends).

Ова друштво е огранок од православното христијанство, а неговите следбеници се познати како „квекери“ или „квакери“ (анг. quackers).

Во оваа вера, родителите ги воспитале Хозиер и неговиот брат.

porasnal-vo-religiozno-semejstvo-ne-sakal-da-stane-slaven-fakti-za-hozier-02.jpg

Наводно, родителите на музичарот се откажале од католицизмот бидејќи татко му учел во католичко училиште каде што редовно ги дисциплинирале со тепање.

И Хозиер и брат му оделе во православно училиште, но сега пејачот вели дека е агностик и дека оди во црква само за свадби и погреби.

porasnal-vo-religiozno-semejstvo-ne-sakal-da-stane-slaven-fakti-za-hozier-03.jpg

Никогаш немал желба да стане славен

Ова е веројатно очигледно, кога ќе се земе предвид колку пејачот ја крие својата приватност.

Хозиер од најрана возраст знаел дека сака да се занимава со музика, но вели дека навистина го мрази вниманието што го добива.

porasnal-vo-religiozno-semejstvo-ne-sakal-da-stane-slaven-fakti-za-hozier-04.jpg

Сепак, истакнува дека е благодарен што неговите песни ги слуша целиот свет.

„Имам аверзија кон јавниот живот. Како да сум алергичен на него.

Ми недостасува анонимноста и можноста само да бидам дел од толпата, од публиката“.

porasnal-vo-religiozno-semejstvo-ne-sakal-da-stane-slaven-fakti-za-hozier-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg