Тинејџерките лудуваа по него, денес не личи на поранешниот заводник - Се сеќавате ли на Факундо Арана од „Дивиот ангел“?
Кон крајот на 1990-те скоро и да немаше тинејџерка што не беше заљубена во Иво од „Дивиот ангел“. Денес, скоро 25 години по прикажувањето на серијата, тој е остарен и не потсетува многу на некогашниот заводник.
Љубовната приказна на Милагрос и Иво од серијата „Дивиот ангел“ се раскажува и денес.
А причината за тоа се главните ликови, Наталија Ореиро и Факундо Арана, чија хемија на телевизија беше толку силна, што фановите навиваа актерите да се заљубат и да бидат заедно во реалниот живот.
Факундо Арана во тоа време важеше за еден од најголемите латино-заводници. Немаше тинејџерка што не беше заљубена во него.
Денес, скоро 25 години по прикажувањето на серијата, тој е видно остарен и тешко кој би го препознал некогашниот заводник.
Се сеќавате ли на Факундо Арана?
Роден е на 31 март 1972 година, во Буенос Аирес, Аргентина.
Има три сестри, две помали и една постара од него.
Имал само 17 години кога лекарите му откриле тип на рак, познат како Хоџкинов лимфом, малигно заболување кое најчесто се дијагностицира на лица меѓу 20 и 40 години.
Арана 11 месеци одел на хемотерапија, а по третманот уште 5 години одел на редовни контроли, за конечно на 23 години да му кажат дека ја победил болеста.
Оттогаш активно се труди да ја зголеми свесноста за постоењето на оваа болест, но и важноста да се донира коскена срцевина за болните од рак за да им се спаси животот.
За таа цел, во 2012 се обиде да се искачи на Хималаите, но поради реткиот воздух имал проблеми со дишењето, па бил вратен на подножјето на планината со медицински тим.
Сепак, во мај 2016 се искачи на Монт Еверест.