Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата на Елизабета
Бракот со Ентони бил далеку од совршен
Маргарет и Ентони добија две деца – Дејвид и Сара – и иако навидум нивниот брак беше совршен, реалноста била многу поразлична.
Ентони бил бисексуалец кој постојано ја изневерувал Маргарет – и со мажи, и со жени.
Тие биле и потполно различни личности кои немале ништо заедничко.
Проблеми со зависност
Додека сопругот Ентони бил зависен од работа, Маргарет почнала да развива друга зависност – од алкохол и лекови.
А, поради неверствата на сопругот, и самата се впуштала во афери.
Според некои гласини, Маргарет спиела со некои од најпознатите мажи од тој период, како Мик Џегер.
Една од нејзините афери заврши со самоубиство
Во 1967-ма, Маргарет имаше кратка афера со Робин Даглас-Хом – внук на поранешен британски премиер.
На почетокот таа ја негираше аферата, но во јавност се појавија љубовните писма кои си ги пишувале со Робин.
Иако аферата беше кратка, Робин никогаш не ја преболел Маргарет, па 18 месеца по разделбата си го одзеде животот.
Се предозира со лекови
Во 1973-та, кога имаше 43 години, Маргарет почна афера со 25-годишен градинар.
Тие беа заедно околу осум години, а за аферата дозна целата јавност.
Но, Маргарет станала премногу „зависна“ од нејзиниот дечко. Па, кога ја оставил сама додека бил на пат, таа се предозирала со лекови и речиси ќе го загубела животот.
Проблеми по разводот
Маргарет и Ентони официјално се разведоа во 1978 година, но трагедиите за Маргарет не завршуваат овде.
Во доцните 40-ти, таа повторно била сингл, а нејзината убавина веќе почнала да избледува.
Била и осамена – многу пријатели избегнувале да се дружат со неа поради лошиот карактер.
До 1980-тите, пак, почнале да ѝ се јавуваат и сериозни проблеми со здравјето.
Маргарет била страстен пушач - навика што ѝ предизвикала проблеми со белиот дроб, кој подоцна ѝ бил отстранет.
Дополнителни проблеми со здравјето
Во 1990-тите, здравјето на принцезата почна драстично да се влошува.
Таа доживеа неколку мозочни удари и голем дел од времето минуваше во кревет или во количка.
До 2001-ва, Маргарет беше делумно парализирана, а имаше и проблеми со голтањето.
За членовите од британското кралско семејство е познато дека се долговечни (Елизабета доживеа 96 години), но сите се сомневале дека Маргарет ќе се избори со проблемите со здравјето.
На 9 февруари 2002-ра, Маргарет почина во болница на 71-годишна возраст, по мозочен удар.
Нејзиното тело беше кремирано.
Спирова С. | Црнобело