Не може да глумиш ресторан од светски ранг, а марулата со песок да ми крцка во уста и приборот да е со флеки
Не може да ме послужиш со палачинки направени од пред три дена и да ми ги донесеш постудени од мраз. Не може келнерот сам да си задржува бакшиш. Не може половина работи од менито да ги немаш во реалноста.
Не може да глумиш ресторан од светски ранг, а марулата со песок да ми крцка во уста и приборот да е со флеки
Во ред е вложувате во ентериер, во ред е трошоците се големи и цените на сите продукти се вивнати во небо, па така и вашите цени мора да бидат повисоки.
Но, кога е веќе така и ние како клиенти го прифаќаме и почитуваме тоа, бараме само малку почит и кон нас.
Дел од најиритантните работи во македонските ресторани:
Не може да ми е страв да порачам цезар салата од паника да не ми ја послужат марулата немиена, со песок да ми крцка меѓу забите.
Не може приборот за јадење да биде целиот со флеки.
Не може да замолам за чаша вода и да ја добијам никогаш.
Не може келнерот да не знае да ми препорача какво вино оди со одредено јадење.
Не може да ме послужиш салата со остатоци од нечиј недојаден оброк (да, да, има и тоа).
Не може половина работи од менито да ги немаш во реалноста.
Не може да ми заменуваш состојки во нарачката на своја рака (немав ова, па ставив ова).
Не може келнерот сам да си задржува бакшиш (сама ќе оставам, свесна сум – се разбира, ако сум задоволна од услугата).
Не може цената на оброкот да е до плафон, а количината на храна да не може да се најаде ниту 3-годишно детенце.
Не може да ми наметнуваш колку пијалаци да испијам и да ми донесеш тура „по грешка“.
Не може да ме послужиш со палачинки направени од пред три дена и да ми ги донесеш постудени од мраз.
Не може платнените салфетки и чаршафот да бидат со флеки на нив.
Не може да нарачам јадење, а потоа да чекам цел час, додека се послужени сите луѓе кои пристигнале после мене (и не, нарачката не ми е покомплицирана од нивната).
Не може да бараш многу (на тема цени), а да даваш толку малку на тема целокупна услуга.
Прочитајте го и апелот до кафулињата - Не може макијато да ми наплаќаш 90 денари и да ме послужиш со ужасно кафе во шолја со кармин
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело