Една беше нескротлива бура, другата лек за душа - две сосема различни сестри, но неразделни

ednata-beshe-neskrotliva-bura-drugata-lek-za-dusha-dve-sosema-razlichni-sestri-no-nerazdelni-01.jpg

Како што беше јасно дека ќе осамне првата мугра, така беше јасно дека и овие две сестри не можеа да си го замислат денот една без друга, а не пак животот.

Денот не им почнуваше без да се слушнат, да се исконсултираат за нешто или само да си направат ред „безначаен“ муабет.

Постојано си вртеа една на друга затоа што секогаш постоеше нешто што не си кажале и докажале.

Постојано си наоѓаа замерки за однесувањето една на друга, но се сакаа до небото и назад.

Беа крајни спротивности.

И додека едната беше нескротлива бура и пеплосуваше сѐ околу себе со емоциите, другата беше лек за душа, смирена, тивка, умерена.

Додека едната гореше на само еден погрешно кажан збор, другата имаше трпение за сѐ и секого.

Додека едната секогаш избувнуваше, другата смируваше.

Додека едната правеше скандали, другата гасеше тензија.

Но, една на друга си беа она што им недостига.

Едната ѝ даваше енергија и поттик за сѐ во животот на другата, додека другата пак ја враќаше на вистинскиот пат првата.

ednata-beshe-neskrotliva-bura-drugata-lek-za-dusha-dve-sosema-razlichni-sestri-no-nerazdelni-02.jpg

И сѐ така во бескрај.

Во ништо не беа исти.

Сакаа различни работи.

Сакаа различен стил на живот.

Имаа различни гледишта на животот и на тоа како треба да се живее тој.

Имаа различни критериуми во избор на мажите.

Но беа исти во едно и тоа во најважното...

Во љубовта која ја носеа една за друга во срцата.

Сестри како ниту едни други на светот...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg